19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДевизи ќе може да се купуваат на банкомат, одлучи НБРМ

Девизи ќе може да се купуваат на банкомат, одлучи НБРМ

nbrm1111

Можност за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење, предвидуваат измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки работи што денеска ги усвои Советот на Народната банка на Република Македонија.

Како што соопшти НБРМ, современите технологии достапни за останатите банкарски производи отсега ќе се овозможат и во менувачкото работење. Главните придобивки за клиентите би биле брзината и достапноста на услугата независно од работното време на банките.

– Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка. Воедно, со Одлуката за изменување и дополнување на

Одлуката за менувачки работи се избриша обврската за овластениот менувач да врши продажба на нерезиденти само врз основа на реоткуп, информира НБРМ по седницата на Советот.

На седницата се усвоени и финансиските извештаи на Народната банка, како и Годишната сметка за 2013 година, кои беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.

– Според мислењето на независниот ревизор, финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2013 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што тогаш заврши, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), стои во соопштението на НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП