18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz ќе ја зголеми дивидендата за 2013-та година

Allianz ќе ја зголеми дивидендата за 2013-та година

allianz-DW-Wirtschaft-Berlin

Најголемиот европски осигурител „Allianz SE“ ќе ја зголеми дивидендата, откако профитот на компанијата за четвртиот квартал забележал пораст од 1 %, информира „Bloomberg“.

Профитот на компанијата се зголемил до 1,26 милијарди евра ( 1,72 милијарди долари ) во споредба со 1.24 милијарди евра за истиот период една година порано. Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествуваа во истражувањето на „Bloomberg“, беа за 1,31 милијарди евра.

Од „Allianz“ најавија дека оперативната добивка на компанијата за цела година се зголемила со 7.8 % до 10.1 милијарди евра. Осигурителната компанија води преговори со италијанската „UnipolSai Assicurazioni SpA“ за стекнување на портфолио од осигурувања „Капитал“ и „Несреќа“, а денеска најавија дека имаат за цел да постигнат оперативна добивка од 9,5 – 10,5 милијарди евра во оваа година.

Компанијата планира да ја зголеми дивидендата за 2013-та година до 5,30 евра по акција во споредба со платени 4,50 евра по акција за 2012-та година. Акциите на „Allianz“ во оваа година пораснаа за 0,5 % или на 131 евра, со што ја дава пазарната капитализација на компанијата која изнесува 59,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП