25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговорените градежни работи во странство лани за 111,8 отсто поголеми во однос...

Договорените градежни работи во странство лани за 111,8 отсто поголеми во однос на 2011

gradeznistvo22

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 5,345 милијарди денари, што е за 111,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, градежната оператива од Република Македонија, минатата година во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 928,1 милиони денари, што е за 59 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП