Ако сакате да го почувствувате гламурот и ултимативниот луксуз, возбудувањето од врвните спортски натпревари или прекрасните релаксирачки моменти , „Yas Viceroy Abu Dhabi“ е вистинското место за вас.
„Yas Viceroy Abu Dhabi“ хотелот се наоѓа на природниот остров „Yas“ во Абу Даби, покрај пристаништето „Yas“ и тркачката патека „Yas Marina Circuit“ на која секоја година се одржува трката Формула 1, како и многу други врвни спортски настани.
„Yas Viceroy Abu Dhabi“ е дизајниран така што ја соединува естетиката, брзината и спектаклот. Се чини дека овој хотел може да го исполни сонот на секого, од аспект на услугите, погодностите, луксузот, забавата, релаксацијата, уживањето и уште многу други… едноставно замислете си дека тука се е возможно!
Нема да зборуваме многу за поволностите кои ги нуди овој хотел, тоа ќе можете да го видите преку прекрасните фотографии… Уживајте!