Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Овие резултати се остварени во услови на комплексни геополитички случувања, кои имаат негативно влијание на туристичкиот сектор.
„Минатата година се соочивме со слични глобални случувања и регионални неизвесности. И покрај тоа, ја завршивме 2025 година со 64 милиони посетители и туристички приходи од 65,2 милијарди долари. Бројките јасно покажуваат дека Туркије не е само силна дестинација во туризмот, туку поседува и висок капацитет за управување со кризи. Ќе продолжиме по нашиот пат оваа година со истата решителност и искуството што го стекнавме“, истакна министерот за култура и туризам на Туркије Мехмет Нури Ерсој.



