9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОсновата на доброто здравје произлегува од хигиенските навики

Основата на доброто здравје произлегува од хигиенските навики

lichnahigiena56

Секојдневното практикување на личната хигиена е основа за добро здравје. Кои се хигиенските навики на кои посебно треба да им обрнеме внимание.

Миење на рацете пред јадење

Децата па дури и возрасните во денешно време забораваат дека најголемиот број на бактерии и вируси кои предизвикуваат болести се пренесуваат преку употреба на рацете. Кога ќе заборават да си ги измијат рацете пред јадење, па дури и после јадење, ги внесуваат и бактериите кои се наоѓаат на нив.

Редовно сечење на ноктите

Со редовно сечење на вашите нокти, избегнувате собирање на нечистотии под нив. Практикувајте сечење на ноктите најмалку еднаш неделно.

Редовно миење на забите

Ова е една од најзапоставуваните хигиенски навики. Иако сите знаат дека забите треба да се мијат секое утро, по секој оброк и пред да си легнете навечер, многумина за да го намалат лошиот здив посегнуваат по гума за џвакање или ментол бонбони. Запоставувањето на оваа навика може да биде причинител за многу болести, па дури и губење на забите.

Миење на рацете по вршење нужда

Многумина не сакаат да си признаат ни самите на себе дека не ги мијат рацете по посетата на тоалетот.

Покривање на устата и носот кога кивате

Доколку сте настинале, не значи дека и на другите околу вас треба да им ја пренесете настинката. Ова важи и за кашлицата. Кога сте настинати, носете си марамче во џеб.

Редовно туширање

Најважното одржување на комплетната лична хигиена е туширањето. Лицата кои се тушираат два или три пати неделно можат слободно да се стават во категорија на лица кои послабо ја одржуваат хигиената. Телото на човекот треба да се тушира секојдневно, без никакви оправдувања, ова не мора да важи и за миењето на косата, но сепак и таа активност не смее да биде помала од 2-3 пати во неделата, за лицата кои имаат посува коса, а оние кои имаат масна задолжително треба да ја мијат секојдневно. Светската здравствена организација советува туширање најмалку еднаш дневно. Сосема непотребна е промената на облеката, доколку вашето тело не е чисто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП