23 јануари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПечатат пари за да се извлечат

Печатат пари за да се извлечат

money1

Новата влада во Јапонија не ја крие својата намера за зголемување на работата на машините за печатење на пари во своите национални банки.

Во тоа гледа единствен излез од дефлацијата која и се заканува и едниствен начин како да им помогне на своите бројни извозници, бидејќи поевтиниот јен значи и поевтини производи на Сони и Тојота.

Имено, силната валута е лоша за извозот, а за да ја совладаат економската криза, се повеќе земји едноставно печатат пари – затоа станува збор за вистинска војна на парите.

Американската „FED“ печати долари, па дури измисли и нов, елегантен поим наместо досегашниот збор инфлација – „квантитативно олабавување“. Од почетокот на кризата „FED“ нуди пари речиси без никаква камата, а воедно и масовно купува државни обврзници.

И покрај сите проблеми во Европската унија, вредноста на еврото постојано расте. Всушност, како и американската „FED“ така и Европската централна банка, каматната стапка ја одржува на најниско ниво. Покрај тоа, масовно купува државни обврзници од земјите кои се во неволја и го покрива пазарот со свежи пари.

Сепак, рано е да се каже кој е во право, дали земјите кој го зголемуваат печатењето на пари или Европската централна банка која инсистира на стабилност на еврото.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП