28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОслабнаа акциите на Фолксваген

Ослабнаа акциите на Фолксваген

folksvagen-afp_ff

Вредноста на акциите на германскиот производител на автомобили Фолксваген, ослабнаа за седум проценти, откако компанијата го намали прогнозираниот профит за 2014-та година.

Компанијата објави дека нејзината оперативна маргина за оваа година ќе биде меѓу 5,5 и 6,5 проценти, додека минатата година беше 5,9 проценти.

Во исто време, Фолксваген соопшти дека сака да постигне целосна контрола над шведскиот производител на камиони, Сканија.

Фолксваген, кој веќе поседува 62,6 отсто од Сканија, ќе им понуди на акционерите 6,7 милијарди евра за преостанатите акции.

Германската компанија објави дека со превземањето на целосната контрола би заштедела пари и би го подобрила работењето.

Фолксваген деталната понуда ќе ја објави на 14-ти март, а акционерите имаат рок до 24-ти април да го прифатат договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП