5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Hyundai Intrado (фото)

Концептот Hyundai Intrado (фото)

intrado

Неколку фотографии од концептот „Hyndai Intrado“ се појавија на интернет пред закажаната премиера во Женева. Без оглед на тоа дали ви се допаѓа или не, ова возило изгледа впечатливо и модерно.

„Hyundai“ со овој концепт сака да ни го претстави својот нов правец на дизајнирање на своите идни модели.

Овој правец е наречен „Fluidic Sculpture 2.0“. Имајќи ги во предвид актуелните трендови, одлуката новиот дизајнерски правец да се претстави на концепт на спортски кросовер, изгледа како вистински чекор.

intrado1

На предниот дел доминира голема маска околу која се распоредени „LED“ светла. Пластични додатоци со сива боја се додадени на долната ивица на браникот и околу рамките на тркалата.

Задниот дел го красат „LED“ светла со „C“ облик и заоблена врата со многу висока долна ивица.

Страните на возилото се обликувани со остри линии и се премногу нагласени.

intrado2

Иако изгледа дека концептот нема да ги освои срцата на сите луѓе, кабината е замислена како спортска и минималистичка средина. „Hyundai“ сакаше да го истакне спортскиот управувач со неправилен облик, мултимедијалниот систем кој е одвоен од конзолата, како и целосно дигиталната инструмент табла.

Концептот „Intrado“ исто така најавува и нови технологии кои „Hyundai“ ги развива за да ја постигне супер-лесната конструкција на идните модели.

Замислено е енергијата за погон на овој концепт да доаѓа од горливите келии, кои се помали и поефикасни од оние кои се претставени за моделот „ix35 Fuel Cell“.

intrado3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП