28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонската компанија ЕДС со најголема балансна група пред либерализацијата на пазарот на...

Македонската компанија ЕДС со најголема балансна група пред либерализацијата на пазарот на струја

strujaz

„Во овој пазар правилото е едноставно, оној кој ја има најголемата балансна група може да понуди најдобри услови. Во случајов тоа сме ние“, изјавија од ЕДС.

Македонската компанија ЕДС пред почетокот на либерализацијата на пазарот на продажба на струја во земјава формираше најголема балансна група.

„Формирањето на најголема балансна група значи дека условите за снабдување со струја на овие компании ќе бидат најповолни на македонскиот пазар. Тоа значи пониска цена при купувањето на струја, сигурност за испорака на електрична енергија и квалитет пред се. Со оглед на тоа што ги имаме речиси сите најголеми компании во Македонија кои и досега набавуваа струја од нас и со постигнатите договори, во меѓувреме, со останати македонски компании, во моментов формирана е балансна група со околу 240 мегавати. Во овој пазар правилото е едноставно, оној кој ја има најголемата балансна група може да понуди најдобри услови. Во случајов тоа сме ние“, изјави Кочо Анѓушев сопственик на ЕДС.

Оваа македонска компанија е единствена што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар. Компанијата исто така котира на меѓународната берза на набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја од ЕДС ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката.

„Самиот факт дека имаме неколкугодишно искуство во ова поле сме целосно подготвени за либерализацијата на струја за што се подготвуваме повеќе години. Ние го имаме знаењето, искуството и најпристапни цени и услови, затоа сме и број еден избор на голем број македонски компании“, додаде Анѓушев.

Досега ЕДС ги снабдува со струја големите индустриски капацитети, а отсега и 40% од македонските компании кои имаат над 50 вработени. Либерализацијата на струја повеќепати беше одложувана поради неподготвеноста на досегашниот единствен добавувач на струја, но со последната одлука таа стапува на сила од 1 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП