19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s го зголеми рејтингот на Шпанија

Moody’s го зголеми рејтингот на Шпанија

shpanija45huyhu

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Шпанија за еден степен.

Кредитниот рејтинг е зголемен благодарение на, како што се наведува, подобрената економска прогноза и одалечувањето на економијата од градежната индустрија и приближувањето до извозно ориентираниот раст.

„Moody’s“ го зголеми рејтингот на четвртата по големина економија во еврозоната на „Ваа2“ од „Ваа3“ со позитивна прогноза, пренесува агеницијата Франс прес.

Владата во Мадрид оствaри побрз од претходно очекуваниот напредок во структурните реформи на полето на пазарот на трудот и пензискиот систем, наведува агенцијата, додавајќи дека фискалните мерки ја зголемиле стабилноста на презадолжените регионални власти и дека шпанските банки сега претставуваат помала закана од претходно.

„Moody’s“ сепак, забележува дека фискалната сила на Шпанија сеуште е слаба поради високиот јавен дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП