28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОд овие намирници ќе бидете само уште погладни

Од овие намирници ќе бидете само уште погладни

pomfritgladni1

Колку и да јадете од овие намирници, многу брзо откако ќе ги изедете ќе чувствувате глад како воопшто да не сте јаделе. Тоа произлегува од фактот дека голем дел од хранливите материи се уништени при преработката на овие намирници.

Она што е уште полошо кај овие намирници е тоа што не можете да престанете да ги јадете, како да се заразни. Кои намирници треба да ги избегнувате ако сакате подолго време да бидете сити?

1. Гума за џвакање

Џвакањето гуми го потикнува излачувањето на желудечни сокови и плунка во устта. Кога таа течност ќе дојде до вашиот желудник, тој започнува да вари мислејќи дека вие јадете и внесувате храна, варењето ви создава апетит за јадење.

2. Диетални сокови

Немојте да наседнувате на натписот „диетален“. Истражувањата покажуваат дека овие сокови ве прават гладни. Вештачките засладувачи можат да ви отворат голем апетит.

3. Смрзнати готови јадења

Смрзнатите готови јадења, особено оние диеталните, во самиот процес на производство се осиромашени со хранливи состојќи, па по нивото консумирање набрзо ќе почувствувате глад. Затоа консумирајте ги ретко, и не заборавајте со нив да јадете и свежа салата или овошје.

4. Колачи и пекарски производи

Белото брашно и шеќерот немаат влакна и хранливи материи. Во првиот момент ќе почувствувате ситост, но многу брзо потоа ќе бидете гладни. Одберете ги оние производи кои се направени од житарици од цело зрно и оние кои имаат помалку шеќер.

5. Помфрит

Со пржењето се уништуваат многу хранливи материи, а се додаваат непотребни калории. Доколку го јадете помфритот заедно со кечап, добивате совршена нутриционистичка катастрофа. Истото важи и за чипсот, само внесувате непотребни калории, го влошувате здравјето јадејќи масти, а сепак сте гладни.

6. Храна која содржи мононатриум глутамат

Иако кинеската кујна се смета за здрава, некои намирници од неа ја содржат оваа состојка. Но, не е содржана само во кинеската храна, читајте ги декларации за состојќите во храната која ја избирате. Овој подобрувач на вкусот го поттикнува гладот, затоа избегнувајте го.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП