3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пад на кинеската економија

Нов пад на кинеската економија

chinapadproizvodstvo225

Клучниот индекс за преработувачкиот сектор на Кина повторно ослабна, откако во февруари се намали на најниското ниво за последните седум месеци.

Тоа укажува на продолжение на слабеењето на втората најголема светскa економија, соопшти британската банка „HSBC“.

Прелиминарните податоци на банкарскиот гигант „HSBC“ покажуваат дека индексот за управување со набавката (ПМИ) за кинескиот преработувачки сектор во февруари е намален на 48,3 поени, што е нов пад во однос на јануарските 49,5 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Овој индекс е показател за здравјето на најсилната азиска економија, при што податоците над 50 поени укажуваат на јакнење на секторските активности, а оние под 50 поени на нивно слабеење.

За виновник на продолжението на забавувањето на преработувачкиот сектор, економистот на „HSBC“ во Хонг Конг, Ку Хонгбин, го посочи намалениот обем на нови нарачки и слабото производство во кинеските фабрики, поради што ја повика кинеската влада да ја прилагоди својата политика за да поттикне економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП