26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen не го одобри концептот BlueSport

Volkswagen не го одобри концептот BlueSport

bluesport

Хајц-Јакоб Нојсер, членот на управниот одбор на компанијата „Volkswagen“ и раководител на одделението за технички развој, официјално изјави дека овој производител нема во план да го произведува атрактивниот концепт „BlueSport“, затоа што сметаат дека не постои пазар за ваков модел.

bluesport1

Последицата за ваквата одлука е фактот дека „Volkswagen“ не работи на подготовка на компактен спортски автомобил кој ќе се фокусира на моделите во рамките на „А“ и „В“ сегментите. „Volkswagen“ концептот „BlueSport“ го претстави во текот на 2009-та година и од тогаш постојано се појавуваа информации за производната верзија.

bluesport2

Концептот го одликува четрицилиндарски 2.0L TDI турбо-дизел мотор со 180ks излезна моќ и 350Nm вртежен момент. За забрзувањето од 100km/h потребно му е 6.6 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие е 226km/h. Ова возило беше претставено со сет од 19-инчни алуминиумски бандажи, додека моторот е поврзан со шестстепена „DSG“ трансмисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП