28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската рубља тоне се подлабоко

Руската рубља тоне се подлабоко

rubljirub1rub

Руската рубља денес повторно ослабе, потонувајќи на нова рекордно ниска вредност во однос на еврото.

Рубљата за прв пат во својата историја падна под 49 рубљи за евро, додека од почетокот на годината загуби осум проценти од вредноста, пренесува агенцијата Франс прес.

Руската национална валута доцна синоќа загуби голем дел од вредноста, откако руското Министерство за финансии објави дека купило девизи поради зголемувањето на обемот на анти-кризни резерви.

Русија, исто така, е погодена од измената на политиката во САД, која влијаеше на намалувањето на вредноста на валутите во одделни земји во развој.

Неколку водечки економии во равој веќе се соочија со одлив на капитал, откако американската централна банка (ФЕД) ја намали програмата за купување на државни обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП