
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 35-тата седница што се одржа денеска на 18 февруари, 2014 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Иново Статус АД Скопје ќе издаде 35.000 обични акции, со уплата на нови парични влогови, а заради зголемување на основната главнина. Номиналната вредност по акција е едно евро.

