2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIHG: Даноците ја скратија добивката

IHG: Даноците ја скратија добивката

IHG3121212

Најголемиот светски хотелски ланец според бројот на соби „InterContinental Hotels Group-IHG“ објави пад на годишниот нето профит поради високите даночни трошоци.

Профитот по оданочувањето на групацијата во 2013 година е намален за 31 процент на 372 милиони долари во споредба со резултатите од 2012 година, но добивката пред оданочувањето е зголемена за десет проценти на 600 милиони долари за групацијата „IHG“, во чија сопственост се хотелските брендови „InterContinental“, „Holiday Inn“ и „Crowne Plaza“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Остваривме добар раст на приходите и профитот, а во 2014 година, и покрај неизвесните економски услови на одделни пазари, очекуваме уште една година со раст“, изјави извршниот директор на групацијата Ричард Соломонс.

Приходите на „IHG“ пораснаа минатата година за четири проценти на 1,9 милијарди долари, додека приходите по достапна соба се зголемени за 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП