4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОдличен момент за купување на AUD/NZD!!!

Одличен момент за купување на AUD/NZD!!!

Forex

Тргувањето на валутниот пазар си има свои предности и е доста поедноставно од тргувањето и анализирањето кај акциските и другите берзи, далеку е побезбедно и може полесно да се анализира поради тоа што во секој момент се достапни правовремени реални економски објави кои директно влијаат врз сопствените валути на стабилните држави.

Уште поолеснителни околности се фактите дека секоја валута или валутен пар си зацртува свои најниски и највисоки историски нивоа на вредноста на цената, кои низ години се движи осцилативно од најниско до највисоко и од највисоко до најниско ниво во одредени временски периоди.

Професионалните трговци и инвеститори тоа го користат за позиционирање со купопродажни налози на подолг временски период, чекајки стрпливо цената на некој од валутните парови да се искачи до највисока вредност или да падне до најниска вредност на историска основа, како би реализирале позначителни профити на долг период, а буквално секоја година може да се пронајде минимум еден валутен пар каде цената достигнала до највисоко или најниско ниво.

Претходната година помина во знак на голем историски пад кај валутниот пар AUD/NZD или австралиски во однос на новозеландски долар, каде цената го достигна најниското ниво од 2005-тата година на 1,0500 спуштајки се од највисокото ниво во 2011-тата година од цена 1,3770.

audnzd-promonthly_18

Овој “егзотичен” валутен пар е составен од две корелативни валути на силни економски држави (Австралија и Нов Зеланд) кој делумно водат слични политики и двете држави се едни од најголемите извозници низ светот на своите материјални добра, како и силната меѓусебна трговија. Општо е познато дека извозот, производството, вработеноста и слично зависат и од јачината на сопствената валута, така да како партнерски држави во трговските размени најверојатно и по договор си поставуваат највисок и најнизок лимит на вредноста на меѓусебните валути, а овој факт специјално го назначуваме поради моменталната слика каде цената на австралискиот долар го допре долговременското најниско дно во однос на новозеландскиот долар.

Единствената цел на анализата е како би ви дале еден предлог за инвеститорско долгорочно позиционирање со куповни налози кај форекс парот AUD/NZD, кој лесно може да го реализирате преку услугите на Адмирал Маркетс и при евентуална точна анализа да реализирате позначителни профити.

Во случај да се оствари предвидувањето во потполност, каде цената би се движела според техничката анализа, разликата од куповната цена 1,05000 до одредените нивоа за собирање на профитите 1,25000 изнесува 2000 единици или пипа. Во зависност од големината на налозите профитите би изнесувале:

– Со куповен налог од 10 лота (препорачан минимален капитал од 100 000 долари) реализација на 2000 пипа е еднаква на 200 000 долари или 200% заработка.

– Со куповен налог од 1 лот (препорачан минимален капитал од 10 000 долари( профитот ќе изнесува 20 000 долари.

– За помалите трговци со помал капитал од 2000 долари, препорачана големина на куповен налог во иснос од 0,1/0,2 лота со профит од 1000/2000 долари итн.

 

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП