27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна годишниот профит на Barclays

Порасна годишниот профит на Barclays

barbarclays

Неоданочениот профит на британската банка „Barclays“ минатата година забележа раст, соопштија од банката.

Профитот пред оданочување на „Barclays“ во 2013 година порасна на 2,9 милијарди фунти (3,5 милијарди евра), во споредба со 246 милиони фунти од 2012 година, се наведува во соопштението на банката, пренесува агенцијата Франс прес.

По соопштението, акциите на „Barclays“ се зголемени за 1,10 проценти на 274,70 пени.

Оваа бнака, која и понатака се обидува да ја поправи својата репутација по учеството во скандалот околу местењето на меѓубанкарските каматни стапки Либор, исто така е под истрага поради сомневање дека манипулирала со тргувањето на девизните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП