24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот ќе го пушти во употреба новиот ВЕБ ГИС портал

Катастарот ќе го пушти во употреба новиот ВЕБ ГИС портал

katastar-111

Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе го пушти во употреба новиот ВЕБ ГИС портал со збогатена содржина.

На прес-конференцијата по тој повод ќе се обратат директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

Како новина на порталот може да се најдат информации односно точки од интерес за сите локации на Одделенијата за катастар на недвижности, нотарските канцеларии, приватните геодетски фирми, извршителите и општините.

Новина се и информациите за локации каде во тек е градба на нов објект со можност за увид во содржината на листот за предбележување на градба, од кој се видни слободните станови кој се во фаза на градба како и нивната површина на цела територија на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП