28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева пристигнува концептот Honda Civic Type R

Во Женева пристигнува концептот Honda Civic Type R

civic type r

Јапонскиот производител веќе подолго време работи на најмоќната „Type R“, верзија на последната генерација на моделот „Civic“. Од „Honda“ соопштија дека овој автомобил конечно е подготвен да биде претставен на публиката, а неговата концептна верзија ќе има премиера на саемот во Женева.

Љубителите на спортските автомобили имаат причина со нетрпение да го очекуваат женевскиот авто-саем, на кој еден од експонатите ќе биде и најновата „Honda Civic Type R“.

Направен е и првиот цртеж на концептната верзија на ова возило чиј изглед говори во прилог на досегашните ветувања на „Hondа“ – за тоа на купувачите да им биде понуден најбрзиот хечбек со предeн погон. Новиот „Type R“ би требало на Нирбургринг да го надмине резултатот кој на оваа патека моментално го држи „Renault Megan RS Trophy“ и кој изнесува 8:07.97.

Задниот дел на концептот e богат со аеродинамични додатоци, како големиот спојлер и моќниот дифузор кои очигледно помагаат за огромната моќ на овој автомобил. Динамичниот изглед се надополнува со проширените браници, додатоците на праговите и четирите хромирани цевки со кои завршува издувниот систем.

Според досегашните информации, под хаубата се наоѓа четирицилиндарски 2.0 литарски бензинец од серијата „Earth Dreams“ кој најверојатно ќе произведува најмалку 280 ks (206 kW), а целта на инженерите на „Hondа“ е да ги достигнат магичните 300 „коња“.

Моќта ќе се пренесува на предната осовина преку шестстепениот мануелен менувач.

По концептот, на ред ќе дојде и продукциската верзија, за која ќе мораме да почекаме до 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП