2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија има 55 мултимилионери

Албанија има 55 мултимилионери

tirana

Во извештајот на „World Ultra Wealth“ за бројот на мултимилјардери во кој се опфатени 45 земји во Европа, Албанија го зазема 37-то место, јави дописникот на МИА од Тирана.

Албанија има 55 мултимилионери кои вкупно тежат над седум милијарди долари. Споредено
со минатата година богатството на ултрабогаташите пораснало за 4,1 отсто.

Во ова подредување Албанија зад себе ги има оставено Македонија, Бугарија, Црна Гора, Словачка и Кипар.

Во Европа има вкупно 53.440 мултимилионери, што е помала бројка за 1,9 отсто во споредба со минатата година.

Нивното вкупно богатство изнесува 6,95 трилиони долари и во споредба со минатата година е помало за 2,7 отсто.

Во Велика Британија има 10.525 ултрабогаташи. Во извештајот се опфатели лица кои поседуваат нето богатство од над 30 милиони долари.

Во светот нивниот број во моментот изнесува 187.380 ултрабогаташи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП