26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазговори за 3,9 денари по повик кон сите мрежи

Разговори за 3,9 денари по повик кон сите мрежи

vip

Почнувајќи од денес Вип им нуди можност на сите припејд корисници да остваруваат навистина долги разговори без дополнителни трошоци за активација. Со новата Vip Simpleприпејдтарифа корисниците добиваат неверојатна можност да зборуваат за само по 3,9 денари по повик кон сите национални мрежи без разлика на времетраењето на повикот.

Секој припејд корисник кој сака да ја користи новата тарифа Vip Simple едноставно треба да испрати СМС со текст START на 1455најдоцна до 31март оваа годинасо што бесплатно ќе биде префрлен на нова тарифа со што ќе може да ужива во долгите разговори.

Тоа е единствена понуда која има важност 30 дена од активирањето и се продолжува автоматски за 30 дена со секоја надополна на сметката од најмалку 100 денари, без дополнителни трошоци за активација. Во рамки на Vip Simple воспоставувањето на повик не се наплатува. Цената на СМС пораките е 2,9 денари. Доколку корисникот кој ја одбрал Vip Simple не изврши надополна во рок од 30 дена по активирањето на тарифата, цената за разговор кон сите национални мрежи ќе изнесува 7,9 денари за целиот разговор, а СМС пораката 5,9 денари.

– Со оваа тарифа на припејд корисниците им овозможуваме слободна комуникација со навистина долги разговори и едноставен начин за користење и следење на состојбата на сметката. Уверени сме дека повторно ги пресретнуваме потребите на припејд корисниците и им нудиме повеќе разговори и повеќе вредност, изјави ЏакомоТоњони, главен маркетинг директор на Вип.

И уште повеќе, сите Vip Припејд корисници, со секое надополнување од најмалку 150 денари, добиваат дополнителен бонус кредит од 10%, кој може да го искористат по сопствена желба.

Подетални информации во однос на Vip Simple тарифата корисниците можат да најдат на 077 1234 или на www.vip.mk .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП