2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрестанок со работа на "Пеон Брокер" АД Скопје

Престанок со работа на “Пеон Брокер” АД Скопје

berza-makedonska

Врз основа на  Одлука за престанок со работа на “Пеон Брокер” АД Скопје донесена од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 34-тата седница трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата е на барање на брокерската куќа “Пеон Брокер” АД Скопје.

Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на” Пеон Брокер”АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство  брокерската куќа ” Пеон Брокер” АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП