16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитаминот Ц може да биде ефикасен во борба против ракот

Витаминот Ц може да биде ефикасен во борба против ракот

vitaminc

Голема доза на витамин Ц би можела да ја зголеми ефикасноста во уништување на ракот со хемотерапија кај луѓето, што е потврдено преку лабораториските испитувања врз глувци.

Доколку големи дози на витамин Ц се вбризгуваат преку инјекции, тоа потенцијално би можело да биде безбеден, ефикасен и евтин третман за рак на јајниците и други видови на канцер, тврдат американски научници.

Меѓутоа, многу е веројатно дека фармацевтските компании нема да го тестираат ова дејство на витаминот Ц, бидејќи витамините не можат да бидат заштитени.

Витаминот Ц веќе долго време се користи како третман за ракот. Хемичарот Линус Паулинг во 1970 година истакна дека витаминот Ц, кој е интравенозно вбризгуван во организмот на пациентот, бил ефикасен при лекување на канцер.

Познато е дека човечкото тело брзо го исфрла овој витамин кога тој се зема орално, меѓутоа, научниците од Универзитетот Канзас тврдат дека кога овој витамин се вбризгува преку инјекција се апсорбира и витаминот Ц може да ги убие канцерогените клетки без оштетување на здравите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП