6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦрни прогнози: Наскоро ќе останеме без кафе

Црни прогнози: Наскоро ќе останеме без кафе

arabica

Научниците велат дека билката Coffea Arabica ќе исчезне поради климатските промени до 2080 година. Каков ефект би имало тоа на глобално ниво покажува фактот дека кафето е веднаш после нафтата продукт со кој најмногу се тргува во светот, со годишен извоз во вредност од 15 милијарди долари.

Светот наскоро може да остане без кафе, кое е омилен пијалок на повеќе од две милијарди луѓе на планетата. Тоа го докажале британските научници од Кралските ботанички градини во Лондон, кои дојдоа до податоци дека до 2080 година, растението Coffea Arabica, најчесто конзумираната сорта на кафе, може да изумре како резултат на климатските промени.

BOT00000375

Истражувачите предводени од д-р Арон Дејвис, направиле компјутерска симулација на можните ефекти од климатските промени во Источна Африка, каде што расте Coffea Arabica, и заклучиле дека во наредните 70 години поради глобалното затоплување би можело да исчезнат местата погодни за одгледување на овие растенија. Во најдобар случај, ако емисијата на јаглерод диоксид продолжи со ова темпо, до 2080 година, 65 проценти од областите во кои сега се одгледува овој вид на растение ќе бидат несоодветни за ова, и според најлошото сценарио ќе исчезнат и 99,7 отсто од денешните насади за кафе.

Ако се земат во предвид сите податоци, човештвото се уште е на вистинскиот пат за најлошото сценарио, бидејќи до 2060 година, глобалната температура ќе се зголеми за четири степени целзиусови, и до 2100 година  помеѓу пет и шест степени. Според експертите, кафето и цвеќињата се многу чувствителни, и доколку температурата е премногу висока, тие лесно може да овенат. Исто така, поради климатските промени загрозен е квалитетот на растенијата, бидејќи семето може да созрее премногу брзо, што не е воопшто добро.

За тоа каков ефект би имало тоа на глобално ниво, покажува фактот дека кафето после нафтата е продукт со кој најмногу се тргува во светот, со годишен извоз во вредност од 15 милијарди долари. Светската годишна потрошувачка на кафе по глава на жител изнесува во просек 4,8 килограми, додека просекот во ЕУ изнесува дури 5.8 килограми. Исто така, пијалокот според сите показатели е најпопуларниот пијалак во светот.

kafe3

Во светот дневно се пијат повеќе од 2.25 милијарди кафиња, а најголем потрошувач на кафе еСАД, каде што во текот на еден ден се пијат повеќе од 400 милиони кафиња. Сепак, кога ќе се земе во предвид потрошувачка по глава на жител, најголеми потрошувачи се скандинавските земји. Просечниот Финец годишно пие 12 килограми од тој производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП