25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидиќ на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед

Видиќ на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед

Nemanja

Капитенот на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ, доцна синоќа преку соопштение најави дека на крајот од оваа сезона кога ќе му заврши договорот ќе го напушти шампионот на Англија Манчестер Јунајтед.

32-годишниот српски интернационалец во редовите на „црвенитре ѓаволи“ мина осум сезони, а освои пет шампионски титули во Англија и една титула европски првак.

Досега одигра вкупно 287 натпревари за Манчестер Јунајтед, од кои 201 во Премиер лигата.

– Моето време во овој клуб ќе го сметам дека било најдоброто во мојата кариера. Имам сеќавања со кои ќе живеам и секако дека нема да ги заборавам навивачите.

Сакам нов предизвик и да прикажам што е можно повеќе во следните години – изјави Видиќ за официјалниот сајт на клубот.

Видиќ напомена дка сигурно нема да ја продолжи кариерата во англиски клуб, а како можни дестинации се наведуваат екипите Интер, Монако, Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП