26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет работи кои веројатно не сте ги знаеле за парите

Десет работи кои веројатно не сте ги знаеле за парите

money

1.Банкнотите може да носат салмонела и ешерикија коли, а вирус може да опстане и до десет денови.

2.Секој ден во САД се печатат 37 милиони банкноти од кои 95 отсто од нив го заменува доларот во другите земји.

3.Изумителот на банкоматот, Џон Шепард-Барон за овој пронајдок бил инспириран од автоматот за кафе.

4.Еден сатиричен магазин на милијардерите им испратил чекови со вредност од 13 центи. Единствени кои го уновчиле се Доналд Трамп и трговецот со оружје Аднан Кашоги.

5.Кралицата Елизбета Втора се појавува на банкноти во 33 земји со 26 различни портрети.

6.Мирисот на вашите раце по допирот со монетите е човечки мирис, а не мирис на метал.Маслото од кожата што се распаѓа при допир со железото го предизвикува тој мирис.

7.Еден колекционер платил 2.500 долари за банкнота од еден долар со сериски број B00000002J.

8.Кинезите први употребувале книжни банкноти кои ги вовеле во 17 век, дури 500 години пред Европа.

9.Во Чиле на монетите било погрешно напишано името на државата ,,Chiie”, а грешката ја приметиле дури по една година.

10.Наркобосот Пабло Ескобар отпиша 10 отсто од своите пари бидејки биле оштетени од вода или биле изгризани од стаорци во складовите кај што ги чувале парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП