25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda XS-1 Vision: Кросовер со седум седишта (фото)

Honda XS-1 Vision: Кросовер со седум седишта (фото)

honda concept 11

На саемот за автомобили кој се одржува во Њу Делхи, „Honda“ ја претстави новата дизајнерска студија за кросовер возило со лизгачки врати и три реда на седишта.

Иако индискиот саем за автомобили во најголема мера е ориентиран за претставување на модели кои се наменети за локалниот пазар, сепак значењето и големината на оваа земја ги наведе некои од производителите токму во Њу Делхи да прикажуваат интересни концептни возила.

honda concept 12

Меѓу нив се најде и „Honda“ која ја престави својата студија „Vision XS-1“. Станува збор за кросовер кој е дизајниран во склад со филозофијата „M/M“ („man maximum, machine minimum“).

Тоа значи дека целта на инженерите и дизајнерите била да се овозможи максимален простор за сместување на патниците, додека механичките компоненти се сведени на минимален волумен.

honda concept 13

Надворешноста покажува спортски и динамичен карактер на возилото, додека внатрешноста е обликувана во склад со современите трендови.

Задржани се и кружните инструменти, но се прилагодени на модерната, дигитална ера.

honda concept 14

Така централните мерни инструменти, всушност дисплеј, може да се менуваат од дигитален начин на прикажување до аналоген (со стрелка) во зависност од афинитетите на возачот.

Интересно е и решението за отворање на вратите. Иако возилото има три реда на седишта, постојат само две врати.

honda concept 15

Во концептот на „Hondа“ се влегува и излегува така што вратата се лизга наназад, што може да биде од корист доколку автомобилот е паркиран во тесен простор.

Вториот и третиот ред на седишта можат во целост да се преклопат, а со тоа се добива рамна површина од потпирачот на предните седишта, па до вратата од багажникот.

honda concept 16

„Honda“ соопшти дека продукциски модел засега не е во план, но секако можеме да очекуваме некои елементи од концептот да бидат искористени во некој иден модел на овој производител.

honda concept 17

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП