29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер застана во редот за Видиќ

Интер застана во редот за Видиќ

Vidic1212

На сите ни е познато дека Немања Видиќ летоска ќе биде бесплатен фубдалер, па затоа не е изненадување големиот интерес кој владее за него. Меѓу клубовите кои се заинтересирани за него од денеска се приклучи и милански Интер.

Интерес за српскиот интернационалец покажаа многу клубови, а медумите веднаш започнаа да шпекулираат каде би заминал тој по завршувањето на оваа сезона.

Најголем интерес доаѓа од Серија А. Во почетокот Рома се истакнуваше пред сите, подоцна се вклучија и Јувентус и Милан, а сега се шпекулира дека и Интер е заинтересиран за капитенот на Манчестер Јунајтед.

Локалните медиуми од Торино споменуваат дека раководството на Интер веќе стапило во контакт со менаџерот на Немања Видиќ со цел да го ангажираат на крајот на оваа сезона.

Сепак, тоа што секако претставува проблем за Интер е фактот дека Немања Видиќ и натаму сака да игра на врвно ниво, што подразбира учевство во Лигата на шампионите, што најверојатно ќе биде проблем за Интер да го избори за следната сезона.

Поради тоа, останува да се види каде српскиот интернационалец ќе ја продолжи својата кариера, дали во меѓу време ќе добие нов договор од раководството на „црвените ѓаволи“ или ќе си замине од „Олд Трафорд“, но во кој правец, ќе биде познато на крајот од оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП