12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Ford Figo

Концептот Ford Figo

ford figo 111

Како што беше најавено минатата недела, „Ford“ денеска во Њу Делхи го претстави својот нов концептен автомобил.

Значи, пред нас е коценптот „Figo“, студијата на „Ford“ за нов глобален седан. Веднаш се забележува дека концептот е всушност верија на „Ford Ka“ концептот кој како хечбек минатата година беше претставен во Бразил.

Во секој случај, концептот „Ка“ е премногу сличен со идниот сериски модел кој се очекува во продажба да се најде кон крајот на 2014-та година.

ford figo 1111

Што се однесува од „Figo“, станува збор за седан пократок од четири метри, направен на „B2E“ платформата која ја користи „Ford EcoSport“, a кој исто така се карактеризира со маска во стилот на „Aston Martin“.

Иако „Ford“ се уште не ги објави официјалните податоци за моторите, индиските медиуми пренесоа дека новиот седан „Figo“ на нивниот пазар најверојатно ќе биде достапен со неколку бензински и дизел мотори. Бензинските би можеле да се „1.0L EcoBoost“, „1.2L“ и „1.5L“, а од дизелите се споменува „1.5 DV5“.

Серискиот „Ford Figo“ седан во Индија се очекува во текот на 2015-та година кога ќе ја замени сегашната „Fiestа Classic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП