3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWikipedia e полна со скриени реклами и невистини?

Wikipedia e полна со скриени реклами и невистини?

wikipediau

Големите компании, како што е Дајмлер се почесто ја гледаат Википедија како платформа за нецелосни и неточни информации за својата историја и работење. Новинарот Марвин Опонг објави книга која е полна со такви примери.

Некогаш многу популарните, најчесто луксузно уредените енциклопедии и лексикони, полека но сигурно веќе со години исчезнуваат од полиците во книжарите. Кој во денешно време сака да дознае нешто, едноствно оди на Интернет и ја отвора бесплатната и на сите достапна „енициклопедија“ – „Wikipediа“. Само не нејзината германска страница може во меѓувреме да се најдат над 1.5 милиони статии. Со толкав број на текстови и голема читаност и популарност, факт е дека „Wikipedia“ станува се поинтересна и за различни компании, што не е за чудење.

„„Wikipedia“ едноставно е еден навистина голем извор на знаење на Интернет. Иако до неодамна беше сосема игнорирана, компаниите, нивните одделенија за односи со јавност и реклами, се повеќе ја откриваат“, вели новинарот Марвин Опонг, автор на книгата „Скриениот „PR“ na „Wikipediа“- Светското знаење во фокусот на интересот на компаниите“.

„За секој концерн или компанија, можноста за појавување на овие страници е многу привлечно и атрактивно. Додека претходните печатени лексикони и енциклопедии беа „нераспадливи“, но тоа за „Wikipediа“ неможе да се каже поради нејзината отвореност и пристапност“, тврди Опонг.

„Целта на „Wikipediа“ е изградба на еден вид онлајн енциклопедија на знаење која допринесува за ангажирање на разни автори-волонтери, кои за своето ангажирање на добиваат пари“. Со други зборови, повикан е секој кој сака да допринесе за развојот на онлајн енциклопедијата и тоа без задолжителна регистрација. Оваа слобода ја користат многумина, а ниту ни злоупотребите не се ретки, туку напротив.

Критичките или непопуларните содржини на страните кои информираат за одредени компании, едноставно може да се избришат, а конкуренцијата да се прикаже во најлошо светло. Сопствените производи да се прикажуваат подобри од што се или во секој случај подобри од оние другите. Пример вакви примери може да се пронајдат на страниците на „VikiSkeners“. Овде промените кои ќе се внесат може да се идентификуваат со помош на „IP“ адресата на одредени компании. Така според информациите од „VikiSkeners“ во 2005-та година на страницата на фармацевтскиот концерн „Boehringer“ од Ингелхајм едноставно беше отстранет производот „Agent-Orange“. Toа го сторила самата компанија. „Agent-Orange“ како оружје во текот на војната во Виетнам го користеле припадниците на војската на САД, а последиците по здравјето, виетнамското население може да го почувствуваат и денес.

Дајмлер и Втората светска војна.

Во текот на работата на книгата и истражувањата кои ги направил, Опонг и самиот дошол на чудни наоди и манипулации за некои статии на „Wikipediа“.

„Забележав дека преку „IP“ адресата која и припаѓа на концернот Дајмлер се избришани податоците во врска со минатото на компанијата, поточно фактот дека оваа компанија за време на Втората светска војна присилно вработувала работници“, вели авторот.

Во Дајмлер ги негираат неговите тврдења и велат дека тие на никого не му дале наредба за бришење на поглавјето за работењето на компанијата за време на национал-социјализмот во Германија.

Но токму поради тоа што „Wikipedia“ станува се по официјална, според мислењето на новинарот Опонг, потребно е да се воведе повеќе транспарентност.

„Во меѓувреме податоците кои се наоѓаат на „Wikipediа“, дури се цитираат и во германските судови. Тоа навистина ме изненади“, вели тој.

Овој новинар додава дека би било корисно и шефовите на „Wikipediа“, отворено да ги изнесат своите интереси, кои секако дека ги имаат. Досега транспарентноста не беше задолжителна при внесувањето на содржини на оваа страница, но секако тоа мора да се промени.

„Бидејќи станува збор за Енциклопедија за човештвото, би требало да се превземе се за „Wikipedia“ да стане не само слободна и отворена, туку и повеќе објективна“, вели Марвин Опонг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП