26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДното на Јонско Море крие јаглеводород во вредност од 80 милијарди евра

Дното на Јонско Море крие јаглеводород во вредност од 80 милијарди евра

jon

Непроценливо богатство крие дното на Јонското Море, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Весникот објавува дека такви оценки пристигнале до грчкото Министерство за енергетика и животна средина, откако норвешката компанија ПГС, направи истражувања во Јонското Море и јужно од островот Крит.

Сеизмичките истражувања покажале присуство на нафтени структури на површина од 30 илјади километри по дното на Јонското Море, кои би требало да изнесуваат најмалку 600-800 барели нафта.

Ако тие првични проценки од 800 милиони барели се потврдат, тогаш станува збор за богатство од 80 милијарди долари.

Грчкиот печат објавува и дека грчката Влада почнува кампања за привлекување енергетски гиганти за нафтени истражувања и планира да објави тендери за давање на концесија на 10-15 блока во границите на тие наоѓалишта.

Се очекува нафтени конзорциуми да ги почнат тие истражувања во почетокот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП