4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекламите кои добија најмногу овации за време на Супер Боул (видео)

Рекламите кои добија најмногу овации за време на Супер Боул (видео)

reklami super bowl

Рекламите се исто толку важен дел од шоуто на Супер Боул колку што е и самиот натпревар. Секоја година големите компании трошат милиони за да го привлечат вниманието на над 100 милиони гледачи во САД.

Оваа година цената за 30 секунди клип достигна 4 милиони долари. Веднаш по завршувањето на шоуто во Њу Џерси започна и оценката на најдобрите и најлошите реклами.

Заради субјективноста во оценувањето некаде се добија разединувања, но на крајот ги добивме и победниците.

Фолксваген доби аплауз за рекламата со која го истакнува квалитетот на своите автомобили. Во видеото се навестува што ќе се случи, ако за секој автомобил со над 100.000 поминати милји, вработен во компанијата добива ангелски крилја. Рекламата завршува со тврдењето дека Фолгсваген има најмногу автомобили во движење со повеќе од 100 илјади милји.

Рекламата на Бадвајзер беше прегледана над 36 милиони пати на „You Tube“ по пуштањето во средата.

Две реклами се одликуваа со тоа што го допреа националното чувство на Американците. Од Крајслер истакна дека имаат долга традиција во производството на автомобили. „Оставете ги Германците да прават пиво, Швајцарците – часовници, а Азијците – телефони. Ние ќе го направиме вашиот автомобил“.

„Одлично е да видиш како една компанија се исмејува себеси“, коментира маркетинг специјалистот Дин Крчфилд за „Волстрит журнал“.

Со најнов потег се јави „Esurance“. Од компанијата најавија дека ја купиле првата реклама. Со овој потег тие заштедиле 1,5 милиони долари, кои ќе дадат на некој среќлија.

Специјализираното издание „AdWeek“ даде слаба оценка на  „Сабвеј“ и на „Squarespace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП