14 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа подобро здравје грицкајте ореви

За подобро здравје грицкајте ореви

orevi65klopo

Доколку сакате докажана превенција од рак, срцеви заболувања, предвремено стареење и други здравствени тегоби, не ви треба ништо повеќе од една шака ореви дневно.

„Оревите ги надминуваат кикириките, бадемите, ф’стаците и сите други јаткасти плодови во количината на антиоксиданси“, изјавил Џо Винсон од Универзитетот Скрантон, Пенсилванија кој детално ги анализирал овие плодови.

Тој тврди дека се потребни околу седум ореви на ден за да ја извлечеме максималната здравствена и нутриционистичка корист од ова специфично јаткасто овошје.

„Шака ореви (околу 28 грама) содржи повеќе антиоксиданси отколку збирот на антиоксиданси кои просечна личност ги добива од овошјето и зеленчукот. Но, за жал луѓето не ги конзумираат во доволна количина. Истражувањето сугерира дека би требало да јадеме повеќе ореви во склоп на здравата исхрана“, додал Винсон.

Еден грам ореви содржи приближно 70 единици на полофеноли – форма на антиоксиданс – што е повеќе од сите други јаткасти плодови кои Винсон ги тестирал. Полифенолите биле исто така до 15 пати посилни од оние кои се наоѓаат во други извори на антиоксиданси, како што е витаминот Е.

Винсон забележал дека оревите и сличните плодoви, општо содржат многу висококвалитетни протеини кои добро ги заменуваат хранливите материи од месото. Исто така содржат витамини, минерали и влакна, а немаат глутен.

Години на истражување го поврзуваат редовното консумирање на ореви или путер од кикирики со намален ризик од срцеви болести, одредени видови на рак, камења во жолчка, дијабетис тип 2 и други здравствени проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП