19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрес тестови на банките во мај

Стрес тестови на банките во мај

ecb2

Стрес тестовите на банките, кои се замислени како појдовна точка за основање на банкарската унија, ќе започнат да се спроведуваат во мај.

Нивните резултати ќе бидат објавени во октомври, соопшти Европската банкарска агенција „ЕБА“

Со овие стрес тестови, како што наведува ЕБА, ќе бидат опфатени 124 банки во 22 земји членки на Европската унија, или околу 50 проценти од целокупниот банкарски сектор во ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

Целта на тестовите е да ја проценат отпорноста на банките на потенцијални негативни шокови, слични на финансиската криза настаната по колапсот на американската банка „Lehman Brothers“ во 2008 година.

Постои загриженост поради можните изненадувања кога ќе пристигнат резултатите од тестовите, кои ќе резултираат со нова криза во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП