9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПреголемото количество на работа може да не оглупави?

Преголемото количество на работа може да не оглупави?

hardworkingstupid1

Прекувремената работа и стресот кој доаѓа со неа може да предизвикаат несоница која ќе ја забави работата на мозокот, што практично значи дека ќе не оглупави…

Работите прекувремено, полните сте со стрес и ништо не ви оди од рака? Тоа е така бидејќи големото количество на работа ве оглупавило, велат научниците. Истражувањето покажува дека луѓето кои премногу работат, повеќе од 55 часа во неделата, имаат многу лоши резултати при решавањето на логичните задачи, како и граматичките тестови.

Од друга страна, оние кои работат од 35 до 40 часа остваруваат значително подобри резултати на тестовите со логички задачи.

Научниците тврдат дека во случај на прекувремена работа потребно е барем два пати неделно да одвоите пет до десет минути, да седнете во тишина, да ги затворите очите и да се одморите од надворешниот свет. Не треба да се обидувате да заспиете, туку само да го одморите мозокот и очите.

Интересен е рецептот за подобрување на когнитивните способности – пред работа би требало барем десет минути да разговарате со колегите од работа, бидејќи социјалната интеракција го подобрува помнењето и работата на мозокот.

Од истата причина треба да конзумирате какао секојдневно, како напиток кој самите ќе си го подготвите или темна чоколада со голама количина на какао бидејќи таа содржи природни хранливи нешта кои го подобруваат протокот на крв во мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП