16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдземена дозволата за работа со хартии од вредност на брокерската куќа „Алта...

Одземена дозволата за работа со хартии од вредност на брокерската куќа „Алта Виста Брокер“

alta

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на барање на брокерската куќа „Алта Виста Брокер“ АД Скопје трајно и ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност.

Како што информира Комисијата за хартии од вредност, одземањето на дозволата е поради донесена Одлука за престанок со работа на „Алта Виста Брокер“ АД Скопје од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа.

Со трајното одземање на дозволата за работа на „Алта Виста Брокер“ АД Скопје се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд.

Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа „Алта Виста Брокер“ АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП