28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија најевтино, во Грција најскапо

Во Македонија најевтино, во Грција најскапо

supermarketititi

Во Македонија цените на основните продукти и услуги се најниски на Балканот, а во Грција највисоки, покажува анализата што ја објавува денеска бугарскиот дневен весник „Труд“.

На второ место по „евтинија“ е Романија, а потоа следуваат Турција, Бугарија и Србија.

Анализата на „Труд“ е направена според податоците за цените на основните продукти и услуги објавени на сајтот www.numbeo.com, каде има информации за цените во целиот свет. На веб-странцата може да се најадат и податоци за цените на храната, облеката, обувките и услугите. И по овие параметри Грција е најскапата земја во регионот.

Македонија според овие податоци, има најниски цени на услуги во ресторани, храна, пијалоци и цигари, облеката е најевтина во Турција, додека маслото за јадење, маслинките и прашакот за перење во Грција.

„Труд“ посочува дека според направените анализи најдобро за бугарските граѓани е да купуваат храна и пијалаци во Македонија.

– Килограм пилешки гради таму чини 3,65 евра, а кај нас 4,46 евра. Шише вино со средна цена е за 0,83 евра поевтино отколку во Бугарија. Предјадење, главно јадење и десерт за двајца во ресторан во Македонија чини 15 евра, додека во Бугарија за тоа треба да се плати 20,34 евра, посочува весникот.

Жителите од регионот на Ќустендил, во Македонија ги купуваат основните прехранбени производи, бидејќи се поевтини, а се сметаат и за поквалитетни и поприродни. Овчото, кравјото и мешаното сирење чини околу 8 лева за килограм, кашкавалот од 10 до 12 лева што е за 2 до 3 лева поевтино отколку во Бугарија.

– Хит е македонското брашно од типот – 400, кое е побело и поквалитетно отколку во Бугарија и полесно се меси, а цената му е само 1,5 лева за килограм. Маслото за јадење е околу 3 лева за литар, но е поквалитетно од нашето… Редовно од Македонија се купува и домашна ракија која чини од 4 до 4,5 лева за литар, додека бугарската е и до 10 лева за литар. Пушачите од Македонија купуваат и цигари. Таму „Карелија“ чини 3,05 лева, а во Ќустендил цената и е 4,70 лева. Се купуваат и лекови кои се поевтини отколку во бугарските аптеки, наваедува „Труд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП