6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекембауер: Ако ви смета Катар СП гледајте го од дома

Бекембауер: Ако ви смета Катар СП гледајте го од дома

franc

Почесниот претседател на Баерн Минхен и легендарен германски фудбалер Франц Бекембауер, се стави во одбрана на ФИФА за одлуката Катар да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година.

– Доколку некому му смета што СП ќе се одржи во Катар, нека остане дома, можеме и без него, изјави Бекембауер.

Популарниот „Кајсер Франц“ истакна дека Катар организацијата за домаќин на Мундијалот во 2022 година, не ја добил поради своето големо богатство.

– Парите немаа никаква улога во одредувањето на домаќинот. Граѓаните на Катар со големо нетрпение и ентузијазам го очекуваат Мундијалот. Тие единствено не можат да влијаат на климатските услови, не можат да го контролираат времето, изјави Бекембауер додавајќи дека на оние на кои им пречат високите температури можат да останат во своите климатизирани домови и од таму да ги следат натпреварите на Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП