2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредби на македонската владина делегација во Индија

Средби на македонската владина делегација во Индија

indiamak125

Македонската делегација, која во Индија учествува на интернационалниот Самит организиран од индиската Стопанска комора, оствари повеќе средби со претставници на индиската Влада.

На средбата со индискиот министер за индустрија и трговија Ананд Шарма е истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивањето на глобалната трговија.

Македонската делегација, во чиј состав се министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, министерот за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, присуствуваа и на свечената вечера што ја организираше премиерот на државата Карнатака, Сидарамаиах.

На Интернационалниот самит во Индија присуствуваат над илјада компании од 24 држави. На самитот, како што беше вчера најавено од Кабинетот на министерот Наумоф, ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП