10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастар: Пропусти кај петмина вработени за парцелата кај НБРМ

Катастар: Пропусти кај петмина вработени за парцелата кај НБРМ

katastar-111

Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности утврдил дека пет вработени лица направиле пропусти во однос на постапувањето по предметите за случајот со парцелата спроти НБРМ, чија продажба беше поништена, соопшти попладнево Агенцијата за катастар на недвижности.

Поднесена е иницијатива за дисциплинска постапка и пријава до Основното јавно обвинителство поради постоење основано сомнение за извршени кривични дела против службена должност согласно член 361 од Кривичниот законик.

„Од извршената контрола составен е записник кој е доставен до директорот на Агенцијата, од кој произлезе дека двајца државни службеници вработени во Агенцијата, постапувајќи по пријавите за запишување на промените не ги исцртале промените на катастарскиот план веднаш по донесувањето на потврдата за запишување промени, еден државен службеник во постапката на запишувањето на правата направил погрешна идентификација, односно не ги користел податоците од катастарот на недвижностите кои во моментот на постапувањето по барањето биле во важност, еден вработен во постапка при изготвување не ги користел податоците од катастарот на недвижностите кои во моментот на постапувањето по барањето биле во важност, а еден вработен заверил и одобрил со свој потпис копиа за нумерички податоци изготвени врз основа на неточни податоци кои што се доставени до Министерството за транспорт и врски“, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар.

Утврдените пропусти, се додава во сооопштението, согласно Законот за државни службеници, претставуваат дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и издавање неточни податоци на државните органи, во конкретниот случај на Министерството за транспорт и врски, а кои предизвикаа потешка повреда на угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.

Имајќи го предвид наведеното, истакнуваат од Катастарот, поднесена е Иницијатива за покренување дисциплинска постапка, а согласно Законот за државни службеници, изготвени се поединечни предлози за покренување дисциплински постапки од страна на непосредно претпоставените раководители. Формирана е Комисија за спроведување дисциплинска постапка која согласно Законот и Правилникот за начинот на водење дисциплинска постапка ќе преземе натамошни дејства. Истовремено, поднесена е и пријава до Основното јавно обвинителство поради постоење основано сомнение за извршени кривични дела против службена должност согласно член 361 од Кривичниот законик, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП