19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Жена која седи до прозорецот“- продадена за 28,6 милиони фунти

„Жена која седи до прозорецот“- продадена за 28,6 милиони фунти

pablo1

Сликата од Пабло Пикасо насловена како „Жена која седи до прозорецот“ од 1932 година, а на која е прикажана неговата љубовница и „златна-муза“ Мариа Тереза Валтер, беше продадена во аукциската куќа „Сотоби“ за 28,6 милијарди фунти.

Купувачот на сликата остана анонимен.

„Ние се воодушевивме што овој монументален портрет, кој е дел од серијата која ја воведува неговата „златна-муза“ во јавноста, постигна толку добра цена“, изјави Хелена Њуман од „Сотоби“.

Во последниве години сме сведоци на исклучителната привлечност на портретите на Мариа Тереза од делата на Пикасо. „La Lecture“ во февруари 2011 година беше продадена за сума од 25 милиони фунти, а делото „Nature Morte aux Tulipes“ во ноември 2012 година беше продадено за 26,500 милиони фунти.

Покрај финансиската криза, цените на многу дела на пазарот на уметноста се зголемија, а колекционерите од САД и Европа се повеќе се приклучуваат кон оние од Кина, Русија и Блискиот Исток.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП