5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMoody's го намали кредитниот рејтинг на Sony

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Sony

moodys124kjuhy

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ денес го намали кредитниот рејтинг на јапонската компанија „Sony“, наведувајќи дека тој гигант во производството на електронските уреди мора да работи повеќе на поправaњето на својот биланс на состојбата.

„Moody’s“ го намали рејтингот на „Sony“ на Ба1 неинвестициски, од Баа3, што најверојатно ќе доведе до скок на трошоците за задолжување на јапонската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Иако „Sony“ оствари напредок во реструктуирањето и зајакнувањето на профитабилноста во неколку деловни сегменти, уште многу работа е потребнa за вкупната профитабилност да се стабилизира“, оценува агенцијата.

Најголемата причина за загриженост е бизнисот во областа на телевизорите и персоналните компјутери, каде постои голема конкуренција на глобално ниво, како и брз напредок на технологијата, додава „Moody’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП