26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Polo SUV пристигнува во Женева?

Концептот Polo SUV пристигнува во Женева?

polo suv

„Volkswagen Polo“ е еден од најпродаваните компактни автомобили на европскиот пазар, а гласините за неговата „SUV“ верзија кружат веќе некое време. Се чини дека германскиот производител конечно одлучил да претстави концепт на „Polo“ на претстојниот авто-саем во Женева.

Иако засега станува збор само за шпекулации, па доколку концептниот „Polo SUV/crossover“ навистина се појави на саемот во Женева, најверојатно сериската верзија ќе се појави во 2016-та година.

Исто така, извори блиски на компанијата истакнуваат дека моделот нема да се нарекува „SUV“, но караванската, кабрио и комби верзија не доаѓаат во предвид. Вреди да се напомене и тоа дека „Audi“ своевремено се занимаваше со овој проект, но вниманието го пренасочи кон лансирањето на сопствениот мал „SUV“ базиран на платформата на моделот „A3“.

Опциите на моторот засега не се потврдени, но би можеле да вклучуваат „TSI“ и „TDI“ агрегати со зафатнина од 1.0 дo 2.0 литри чија снага ќе се движи од 90 дo 185 KS. Можно е да се појави и „R“ варијанта со зафатнина од 2.0 литри, 4 цилиндарски мотор со 220 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП