„Volkswagen Phaeton“ во продажба се појави уште во 2002-ра година и оттогаш неколкупати беше обновуван, но по повеќе од една деценија на пазарот, време е за негова целосно нова генерација.
Најавениот концепт на автомобилот можеби ќе можеме да го видиме веќе оваа година (на саемот за автомобили во Пекинг во април месец), а серискиот модел за некоја година.
Како и да е, новиот „Phaeton“ ќе биде поголем од актуелниот и би требало да добие и целосна алуминиумска каросерија.
Во палетата на мотори се очекува да се најдат агрегати со помала зафатнина, а може да се очекува и „plug-in hybrid“ верзија, додека V12 моторот најверојатно ќе биде исфрлен од понудата.