26 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИГлавните играчи не се во игра

Главните играчи не се во игра

Forex

Токму така, главните играчи во текот на оваа недела останаа надвор од игра. Нормално, тоа се американскиот долар и еврото. Во вакви околности повторно видовме целосно нарушена корелација на пазарите и повторно најголемите движења на пазарот беа остварени на “крос“ валутните парови во кој се содржани австралискиот, канадскиот долар и британската фунта. Впрочем токму затоа и на почетокот на оваа недела овие валути беа ставени во фокусот на неделната анализа и тоа не случајно. Причините за ваквата појава беа во исклучително важните објави поврзани со овие валути.

Најголема волатилност видовме кај австралискиот долар кој под влијание на неочекувано добрите економски показатели (одржливиот БНП на Кина од 7.7% и малку зголемената стапка на инфлација во Австралија) на почетокот на оваа недела зајакна, (до 0.888 во однос на американскиот долар), но под влијание на многу полошиот  прелиминарен индекс на  производство од предвидениот за Кина во средата навечер повторно ослабна.

Фунтата силно зајакна по објавата на одличното намалување на бројот на невработени од 7.3% на 7.1% во комбинација со мало зголемување на кредитната активност. За да не е претеран растот се погрижи гувернерот на централната банка на Англија кој одма после објавата побрза да каже дека иако процентот на невработени е близу 7% сепак не размислуваат сеуште за зголемување на каматната стапка бидејки за разлика од САД на нив овој важен показател не им е мерило за каматната политика. Британската фунта е добитник на неделата и ја зголеми својата вредност во однос на сите други валути.

Губитник на неделата е канадскиот долар. Со серија лоши објави беше торпедиран и конечно ја премина границата од 1.100 во однос на американскиот долар која беше бариера уште од Декември 2009 година. Сега, заради овој пробив технички имаме потврда за понатамошно слабеење на канаскиот долар. Се разбира доколку не настанат драстични пазарни промени или ревидирања на постоечките објави. Намалена инфлација, намалена економска активност, ризици поврзани со пазарите клиенти и сл. беа спомнати во извештајот на гувернерот. Сето тоа е состојба да монетарната власт има одврзани раце за евентуално намалување на каматната стапка доколку не дојде до подобрување на истите.

Главните играчи на пазарот, еврото и американскиот долар оваа недела по се изгледа се на одмор бидејки кај овој валутен пар скоро и да немаше движење. Се движи со мали осцилации околу оформениот еквилибриум на 1.355.

Кај јапонскиот јен ништо ново. Извештајот ги донесе воглано очекуваните претставки во врска со економската состојба и политиката на монетарната власт кои потоа беа потврдени и во говорот на гувернерот. Тоа предизвика мала волатилност но заради предвидливоста цената не даде некакво поголемо движење што би резултирало со пробивање на критичните граници на оформаниот опсег на тргување.

Доколку се држиме до старото и проверено правило да им веруваме само на фактите а да ги избегнуваме шпекулациите можеби најдобро е да се држиме до веќе постоечките оформени трендови. Секако, со голема предпазливост и со побезбеден влез и правилен излез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП