13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот модел на Land Rover ќе се нарекува Landy?

Новиот модел на Land Rover ќе се нарекува Landy?

landire

Првите вести за идните модели на автомобили, честопати пристигнуваат во јавноста преку индиректни канали. Па така во медиумите протече информацијата дека производителот на возила „Land Rover“ поднел барање за заштита на името „Landy“, a се претпоставува дека станува збор за нов, мал урбан кросовер.

Се шпекулира дека „Landy“ ќе биде позициониран под моделот „Evoque“, што значи дека тоа воедно ќе биде и најмалиот автомобил во гамата на „Land Rover“.

Британски „Autocar“ пишува дека новиот модел најверојатно ќе биде дизајниран според концептот „DC100“ (кој од 2011-та се споменува како можен наследник на моделот „Defender“) и дека ќе ја користи платформата на „Land Rover Evoque“, како и нешто помали мотори во однос на оние кои се користат во тој модел.

Доколку гласините за новиот „Land Rover“ се покажат како точни, овој модел би можел да биде сериозна конкуренција на кросоверите на „MINI“, како и на идниот „Audi Q1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП