30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDiscovery го купи мнозинскиот пакет на Eurosport

Discovery го купи мнозинскиот пакет на Eurosport

discovery eursport

Американската компанија „Discovery Communications“ постигна договор со француската телевизија „TF1“ за стекнување на контролен пакет во најголемиот спортски канал на Европа – „Eurosport“.

„Договорот за зголемување на уделот на „Discovery“ од 20 на 51% го забрзува првичниот договор постигнат во декември 2012-та година, за речиси една година“, се вели во заедничкото соопштение на двете телевизии.

Договорот ја одредува цената на „Eurosport“ на 902 милиони евра (1,22 милијарди долари). Во оваа сума не е вклучена цената на „Eurosport France“, локалната телевизија на компанијата.

„„TF1“ очекува да го задржи својот удел од 80% во „Eurosport France“ барем до 1-ви јануари 2015-та година“, се вели во соопштението.

Врз основа на договорот, „Discovery“ се согласува исто така да го купи преостанатиот удел од 49% на „TF1“ во „Eurosport“, ако француската компанија сака да го искористи своето право да го продаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП