29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватските банки го добија спорот против Љубљанска банка

Хрватските банки го добија спорот против Љубљанска банка

ljubljanska-banka

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе одлука во корист на Загребска Банка ( Zaba ) и Привредна Банка Загреб ( PBZ ), кои заради пренесените девизни заштеди на хрватските граѓани ги тужеа Љубљана банка и Нова Љубљана банка.

Според пресудата на која незадоволните лица можат да поднесат жалба на загребскиот Жупански суд, Љубљана банка и во двата случаи е прогласена за одговорна и ќе мора да ги исплати старите заштеди, каматата на истите и судските трошоци.

Во случајот за тужбата на PBZ се работи за околу 220.000 евра, односно 484.000 поранешни холандски гулдени со пресметана камата од 1992 година, плус трошоците за судските постапки од над 688 илјади куни.

Барањето на Загребска Банка е изразено во седум различни валути, па од таа причина Нова Љубљана Банка и Љубљана Банка солидарно ќе исплатат главница од над 2.1 милиони евра, 9.8 милиони американски долари, 1.5 милиони австралиски долари, 2.3 милиони канадски долари, 18.7 милиони швајцарски франци, 328 илјади британски фунти и 181 илјада јапонски јени. На тие износи ќе исплати и камата пресметана од 1992 година.

Вкупниот трошок на парничната постапка кој словенечките банки мора да го надоместат за постапката со Загребска Банка е проценет на повеќе од 3.2 милиони куни.

Адвокатот на Љубљанска Банка – Матијас Печатник, во вторникот по пресудата, за словенечката новинска агенција изјави дека во моментов не може да каже дали за пресудата ќе поднесе жалба и дека ќе чека одговор од Љубљана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП